Излегоа од печат изданијата на манифестацијата „Караманови средби“

Излегоа од печат изданијата на манифестацијата „Караманови средби“

 

 

 

 

 

Изданијата на годинашната Меѓународна поетска манифестација „Караманови средби“, што се одржува традиционално во Радовиш, излегоа од печат.

 

Издавачот, Центарот за култура „Ацо Караманов“, ги објави „Антологија на Караманови средби 1967-2020“ приредена од Борче Панов, „Разден“-наградена книга на националниот конкурс за наградата „Караманов 2020“ од Кристина Николовска и книгата поезија од наградените поети за интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов 2020“ од виетнамскиот поет Маи Ван Фан, „Новогодишно бањање“ и Саудиецот Раед Анис Ал-Јиши, „Зачуден барут“.

 

Според Борче Панов, претседател на Советот на манифестацијата, покрај овие три изданија, деновиве од печат треба да излезе и книга со детски песни, кои учествувале на манифестацијата во изминатите десет години, за која селекцијата ја направи Изабела Ангелова.

 

-Засега е неизвесно кога ќе се одржи манифестацијата и во каков облик, бидејќи тоа зависи од состојбата со пандемијата на Ковид-19. Планираме промоции на сите изданија, кои ќе ги направат еминентни поети и писатели. Засега планираме манифестацијата да се одржи до крајот на месецот или почетокот на идниот, но, пак ќе повторам се зависи од состојбата со пандемијата, рече Панов.

 

Годинава „Караманови средби“ ќе се одржат по 53 пат, а лани добитник на престижната награда беше големиот шпански и светски поет Хусто Хорхе Падрон.

 

 

 

 

Source: МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

 

BÀI KHÁC
1 2 3 

image advertisement
image advertisement
image advertisement




























Thiết kế bởi VNPT | Quản trị