ЦЕЛОСНА ЛУЦИДНОСТ (Песна). Маи Ван Фан. Преведено од англиски на македонски јазик од Даниела Андоновска-Трајковска

Маи Ван Фан – Mai Văn Phấn

Превод од виетнамски на англиски: Nhat-Lang Le & Susan Blanshard

Превод од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска




Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска


 

 


 

 

ЦЕЛОСНА ЛУЦИДНОСТ

 

 

Ги користам моите мисли за да го насочам стаорецот

да се појави од тесниот отвор на канализацијата

да претура по кантата за отпадоци

да легне таму и да умре

Ако камионите за ѓубре ги однесат мртвите стаорци до

нивното вечно почивалиште

овој град ќе се ослободи од стаорците за навек.

 

Нов начин на размислување:

Се црпи вода од Хај Фонг пристаништето

Водата сама се прочистува

Шишињата сами се тркалаат во рестораните и хотелите

Сиромашните одат на тие места за да собираат котизација.

 

Прославуван како феномен

објавен на насловните страници на списанијата

се гостев се додека не се онесвестив.

 

Дали вие, луѓе, ме носите дома?

Дали оној на велосипедот оди во тесната уличка

или илјадници актери изведуваат претстава на плоштадот?

 

Нема потреба да се поткревате и да зборувате за верба и надеж

додека поминувате низ тесниот процеп на вратата

Океанскиот ветер стрела студени и свежи стрели во тебе.

 




Даниела Андоновска-Трајковска: Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска е родена на 3.02.1979 година во Битола, Р. Македонија. Работи како универзитетски професор на Педагошки факултет-Битола на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола на група методички предмети меѓу кои Методика на наставата по македонски јазик, Методика на почетно читање и пишување, Методика на креативното пишување и Методика на критичка писменост. Пишува поезија, кратки раскази, есеи и критики, но и научни и стручни трудови од подрачјето Образование кои се објавени во референтни интернационални научни публикации. Член и коосновач е на Универзитетскиотлитературен клуб Дениција ПФБТ – УКЛО Битола и Центарот за литература, уметност, култура, ораторство и јазик на Педагошкиот факултет во Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Битолскиот книжевен круг (БКК) и Македонското научно друштво Битола (МНД). Претседател е на Уредувачкиот совет на МНД, Комисијата за издавачка дејност на Педагошкиот факултет-Битола, а уредник е на списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво Современи дијалози (МНД) и на списанието за литература Раст во издаваштво на Битолскиот книжевен круг. Ги има објавено следниве книги поезија: „Збор за зборот“ (со Златко Жоглев и Гордана Стојаноска, Матица македонска, Скопје, 2014), „Поема за маргините“ (со Гордана Стојаноска, изд. Македонско научно друштво, Битола, 2015), „Црна точка“ (изд. Битолски книжевен круг, Битола, 2017), „Стапалки“ (изд. Македонско научно друштво-Битола, 2017), „Три“ (изд. Современост, Скопје, 2019). Во процес на објавување е и поетската збирка со наслов „Куќа на контрасти“.Застапена е во домашни и странски литературни списанија и публикации, а учествува и на домашни и на странски литературни манифестации. Добитник е на меѓународна награда од Носиде, Италија (2011), награда за најдобра необјавена песна од Друштвото на писатели на Македонија на манифестацијата „Празник на липите“ 2018, втора награда на Караманови средби 2018 и наградата „Крсте Чачански“ за најдобра необјавена збирка раскази во 2019 со наслов „Кафе чај и црвено небо“.




Мај Ван Фан (Mai VăPhấn)е виетнамски поет роден во 1955 во Нин Бин (Ninh Bình), на делтата на Црвената Река во Северен Виетнам. Живее и пишува поезија во Хај Фонг (Hải Phòng). Има добиено неколку национални книжевни награди, а има објавено 16 книги поезија, една книга со критики и есеи и 23 книги кои се објавени во странство. Поезијата на Мај Ван Фан е преведена на 33 јазици.

 

 




 

 

 

 

BÀI KHÁC
1 2 3 

image advertisement
image advertisement
image advertisement




























Thiết kế bởi VNPT | Quản trị