НОВОГОДИШНО БАЊАЊЕ (Песна). Маи Ван Фан. Преведено од англиски на македонски јазик од Даниела Андоновска-Трајковска – Tắm đầu năm – Mai Văn Phấn - Daniela Andonovska-Trajkovska dịch từ tiếng Anh sang tiếng Macedonia

Маи Ван Фан – Mai Văn Phấn

Превод од виетнамски на англиски: Nguyễn Tiến Văn & Susan Blanshard

Превод од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска

Translated from English to Macedonian: Daniela Andonovska-Trajkovska

Daniela Andonovska-Trajkovska dịch từ tiếng Anh sang tiếng Macedonia




Nhà thơ Daniela Andonovska-Trajkovska






НОВОГОДИШНО БАЊАЊЕ

 

 

не сум чист ни по постојаните прочистувања

па се вратив да се избањам со ламбата

 

ги придвижив рамењата кон светлината

а потоа и двете раце

моите стапала, мојата брада, моите колена

дури и двете очи и сувата кашлица

 

истурајќи светлина во сите мои длабнатини

во секоја од нив се развиваа никулците

како што ковачницата го обликува жешкото железо со вода

како што е инкубаторот за јајцата

како што е накалеменото стебло од кое излегуваат странични гранки

 

се бањам за да ѝ посакам добредојде на новата пролет

што се спојува со светлината

додека тивко ги повикувам прародителите и родителите

телото се подигнува кон ламбата

 

светлината се истура во изобилство

додека го повикував твоето име таа лебдеше со плод во себе

Се обидов да повикам некого од далечината

а мирната ламба стануваше сѐ посјајна и посјајна

 

 

 





New Year Bath

 

 

without attaining purity after continuous purifications

I returned to take a bath with the lamp

 

I moved my shoulders towards the light

then both hands

my feet, my chin, my knees

even both eyes and my dry coughing

 

pouring light into all hidden recesses

each of them working as a germinator of sprouts

as a forge to temper hot iron with water

as an incubator for eggs

as a grafted trunk sticking out lateral branches

 

taking a bath to welcome the new Spring

immersing oneself in light

while silently evoking grandparents and parents

the body rises towards the lamp

 

light pours profusely while I called your name

it was hovering in pregnancy

I tried to call somebody in the faraway region

the still lamp became all the more brighter

and brighter.

 

 

 

 





Tắm đầu năm

 

 

thanh tẩy mãi vẫn không thấy sạch

quay về tắm bằng ngọn đèn

 

thử đưa bờ vai về phía ánh sáng

rồi hai tay

bàn chân, cằm, đầu gối

cả đôi tròng mắt và tiếng ho khan

 

xối ánh sáng vào từng góc khuất

góc khuất như lò thúc mầm

như thép nóng đem tôi vào nước

như quả trứng trong ổ đang ấp

rễ thân cành đã chiết đâm ngang

 

tắm gội cho mùa xuân về

vừa lặn vào ánh sáng

vừa gọi thầm ông bà, cha mẹ

cơ thể bốc cao về phía ngọn đèn

 

vừa xối mạnh vừa gọi tên em

ánh sáng bồng bềnh bụng mang dạ chửa

thử gọi một ai xa lắc xa lơ

ngọn đèn lặng phắc càng tỏ

càng tỏ














Даниела Андоновска-Трајковска: Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска е родена на 3.02.1979 година во Битола, Р. Македонија. Работи како универзитетски професор на Педагошки факултет-Битола на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола на група методички предмети меѓу кои Методика на наставата по македонски јазик, Методика на почетно читање и пишување, Методика на креативното пишување и Методика на критичка писменост. Пишува поезија, кратки раскази, есеи и критики, но и научни и стручни трудови од подрачјето Образование кои се објавени во референтни интернационални научни публикации. Член и коосновач е на Универзитетскиотлитературен клуб Дениција ПФБТ – УКЛО Битола и Центарот за литература, уметност, култура, ораторство и јазик на Педагошкиот факултет во Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Битолскиот книжевен круг (БКК) и Македонското научно друштво Битола (МНД). Претседател е на Уредувачкиот совет на МНД, Комисијата за издавачка дејност на Педагошкиот факултет-Битола, а уредник е на списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво Современи дијалози (МНД) и на списанието за литература Раст во издаваштво на Битолскиот книжевен круг. Ги има објавено следниве книги поезија: „Збор за зборот“ (со Златко Жоглев и Гордана Стојаноска, Матица македонска, Скопје, 2014), „Поема за маргините“ (со Гордана Стојаноска, изд. Македонско научно друштво, Битола, 2015), „Црна точка“ (изд. Битолски книжевен круг, Битола, 2017), „Стапалки“ (изд. Македонско научно друштво-Битола, 2017), „Три“ (изд. Современост, Скопје, 2019). Во процес на објавување е и поетската збирка со наслов „Куќа на контрасти“.Застапена е во домашни и странски литературни списанија и публикации, а учествува и на домашни и на странски литературни манифестации. Добитник е на меѓународна награда од Носиде, Италија (2011), награда за најдобра необјавена песна од Друштвото на писатели на Македонија на манифестацијата „Празник на липите“ 2018, втора награда на Караманови средби 2018 и наградата „Крсте Чачански“ за најдобра необјавена збирка раскази во 2019 со наслов „Кафе чај и црвено небо“.



Мај Ван Фан (Mai VăPhấn) е виетнамски поет роден во 1955 во Нин Бин (Ninh Bình), на делтата на Црвената Река во Северен Виетнам. Живее и пишува поезија во Хај Фонг (Hải Phòng). Има добиено неколку национални книжевни награди, а има објавено 16 книги поезија, една книга со критики и есеи и 19 книги кои се објавени во странство. Поезијата на Мај Ван Фан е преведена на 33 јазици.

















BÀI KHÁC
1 2 3 




























Thiết kế bởi VNPT | Quản trị