ПЛОДНА ЕСЕН (Песна). Маи Ван Фан. Преведено од англиски на македонски јазик од Даниела Андоновска-Трајковска – Thu đầy – Mai Văn Phấn - Daniela Andonovska-Trajkovska dịch từ tiếng Anh sang tiếng Macedonia

Маи Ван Фан – Mai Văn Phấn

Превод од виетнамски на англиски: Pornpen Hantrakool

Превод од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска

Translated from English to Macedonian: Daniela Andonovska-Trajkovska

Daniela Andonovska-Trajkovska dịch từ tiếng Anh sang tiếng Macedonia




Nhà thơ Daniela Andonovska-Trajkovska




 

 

 

ПЛОДНА ЕСЕН

Лупејќи јапонско јаболко

Штотуку созреано

Се плашам некој да не заѕвони на ѕвончето

 

 

 

 

Fruitful Autumn

Peeling a persimmon
Just ripened
Afraid someone will ring the bell

 

 

 

 

Thu đầy

 

Bóc trái hồng

Vừa chín

Sợ người thỉnh chuông









 

 

 

Даниела Андоновска-Трајковска: Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска е родена на 3.02.1979 година во Битола, Р. Македонија. Работи како универзитетски професор на Педагошки факултет-Битола на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола на група методички предмети меѓу кои Методика на наставата по македонски јазик, Методика на почетно читање и пишување, Методика на креативното пишување и Методика на критичка писменост. Пишува поезија, кратки раскази, есеи и критики, но и научни и стручни трудови од подрачјето Образование кои се објавени во референтни интернационални научни публикации. Член и коосновач е на Универзитетскиотлитературен клуб Дениција ПФБТ – УКЛО Битола и Центарот за литература, уметност, култура, ораторство и јазик на Педагошкиот факултет во Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Битолскиот книжевен круг (БКК) и Македонското научно друштво Битола (МНД). Претседател е на Уредувачкиот совет на МНД, Комисијата за издавачка дејност на Педагошкиот факултет-Битола, а уредник е на списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво Современи дијалози (МНД) и на списанието за литература Раст во издаваштво на Битолскиот книжевен круг. Ги има објавено следниве книги поезија: „Збор за зборот“ (со Златко Жоглев и Гордана Стојаноска, Матица македонска, Скопје, 2014), „Поема за маргините“ (со Гордана Стојаноска, изд. Македонско научно друштво, Битола, 2015), „Црна точка“ (изд. Битолски книжевен круг, Битола, 2017), „Стапалки“ (изд. Македонско научно друштво-Битола, 2017), „Три“ (изд. Современост, Скопје, 2019). Во процес на објавување е и поетската збирка со наслов „Куќа на контрасти“.Застапена е во домашни и странски литературни списанија и публикации, а учествува и на домашни и на странски литературни манифестации. Добитник е на меѓународна награда од Носиде, Италија (2011), награда за најдобра необјавена песна од Друштвото на писатели на Македонија на манифестацијата „Празник на липите“ 2018, втора награда на Караманови средби 2018 и наградата „Крсте Чачански“ за најдобра необјавена збирка раскази во 2019 со наслов „Кафе чај и црвено небо“.



 

 

 

 

Мај Ван Фан (Mai Văn Phấn) е виетнамски поет роден во 1955 во Нин Бин (Ninh Bình), на делтата на Црвената Река во Северен Виетнам. Живее и пишува поезија во Хај Фонг (Hải Phòng). Има добиено неколку национални книжевни награди, а има објавено 16 книги поезија, една книга со критики и есеи и 19 книги кои се објавени во странство. Поезијата на Мај Ван Фан е преведена на 33 јазици.

 

 

 

 

 














 

 

 

BÀI KHÁC
1 2 3 




























Thiết kế bởi VNPT | Quản trị